2.2. Озвучување на знаци за изолирани согласки

Забележана е честа употреба на некои изолирани согласки кои ги озвучуваме на следниот начин:


  Л (Р)              В               Н                      П

Изговорот на изолираната согласка преминува во меко Р, глас кој и ден денес го имаме во изговорот на зборови во македонскиот јазик. Тука треба да напоменеме дека современата наука констатира дека за време на владеењето на Птоломеите првпат е направена разлика меѓу звуците Л и Р, што е соодветно пренесено и во писмото, односно анализираниот текст.

Изговорот на изолираната согласка в најчесто се појавува при формирањето на слог со самогласката и, или пак за формирање на предлогот во (во оригинал вв - ).

Косата црта без додавки ја изначува изолираната согласка и која и во денешниот македонски јазик е во зачестена употреба.