2.1.3. Озвучување на коси слоговни знаци

За разлика од асиметричните знаци, каде што во основниот знак доминантна е вертикалната црта, во косите знаци доминантна е коса црта. И за овие знаци идентификувани се не повеќе од 4 положби на пишување.

Формирањето на слогови со соодветните самогласки прикажано е во следната табела на позиции 3, 9, 10, 11, 12 и 13, соодветно.

Во текстот знакот за согласката Љ најчесто се појавува во слог со самогласката у, што е карактеристика и на современиот македонски јазик.

Првиот знак одлево надесно во анализираниот текст е ротирана форма на знакот Б за 45 степени во насоката на стрелките на часовникот. За овој знак досега не е најден дефиниционен збор во денешниот македонски јазик, а наша претпоставка е дека најверојатно ја претставува согласката Ф.