2.1.1. Озвучување на асиметрични слоговни знаци

Со повеќе од стотина зборови од денешниот македонски јазик озвучени се сите 13 асиметрични знаци со соодветни согласки, и тоа:

Асиметричните знаци за Р и Ј во денешното и во античкото-македонско писмо имаат ист облик и иста звучност. Преостанатите асиметрични знаци спрема обликот на пишување меѓусебно се слични и со нивната звучност, како на пример асиметричните знаци за Ж, З и Ѕ. Исто така, сличност во пишувањето и во звучноста важи и за асиметричните знаци С, Ц, Ч и Ш.

Секоја од овие 13 согласки во рамнината на пишување може да биде запишана во 8 положби и да означи слогови со 8 самогласки, како на примерот на знакот за согласката Ј.

Во текстот се идентификувани сите 8 положби на пишување, значи се озвучени слогови со сите 6 активни самогласки во денешните словенски јазици и долгите форми на самогласките О и Е кои се зачувани во современиот литературен словенечки јазик (Irena Ceklin Bacar, et al, Slovenscina - jezik na maturi: za slovenscino - jezik v cetrtem letniku gimnazijskih programov: zbirka nalog za ponovitev jezikovne snovi, Ljubljana, Mladinska knjiga, 2004 (str. 90-92) ISBN 86-11-16681-7; Marja Beshter, Martina Krizaj Ortar, Marija Koncina, Mojca Bavdek, Mojca Poznanovic, Darnika Ambroz, Stanislava Zidan, Na pragu besedila - ucbenik za slovenski jezik v 1 letniku gimnazij, strokovnih in tehniskih sol, Tiskarna Mladinska knjiga, d.d., Zalozba Rokus, d.o.o., 2004 (str. 30-34)), како и во мијачкиот и вевчанскиот дијалект на македонскиот јазик (P. Hendriks, The Radozda-Vevcani Dialect of Macedonian, Lisse 1976, PdR Press Publications on Macedonian 1).

Сите форми на асиметричните знаци, со нивното озвучување дадени се во следната табела.