Во анализираниот текст, при наведување на имињата на предците на фараонот, во 22-риот ред од средниот текст на каменот, се споменуваат и народите со кои тие владееле. По името на Филопатор (НьШе Же НајЅеИто - И Нашиот НајСветол), за народите над кои владеел во оригинал е запишано:
еНаПьЃаН о еВьЈаНаД На
што на денешен македонски значи: На Данајците и на Ѓупците. По имињата на Еуергетаи (ЖеЉу Па ИМе - Добродетел) и Аделфои (ЅеВо - Светол), за народите над кои владееле во оригинал е запишано:
што на денешен македонски јазик значи: На Данајците (Грците), На Египетските Данајци (Египетските Грци) и На Ѓупците.
Интересно е спомнувањето на третиот етнос, покрај Данајците и Ѓупците, односно Египетските Данајци. Ова значи дека покрај данајскиот етнос на Балканот во времето на првите владетели од династијата Птоломеи, постоел и засебен данајски ентитет на територијата на Египет. Кон крајот на 11-тиот ред во демотскиот текст овој етнос е споменат во оригинал како:
односно Данајците од Горен Египет со што е определена и нивната територија.