9.1. Имиња на територии

Бидејќи анализираниот текст на каменот се однесува пред сe на територијата на Египет, најчесто се среќаваат името на Египет, кога треба да се означи целосната територија на Египет, но и имињата на Горен и Долен Египет соодветно.

Во оригинал името на Египет е следново:

Ова име произлегува од анализата на наредбата на фараонот запишана во последниот ред на демотскиот текст, во делот што ги означува териториите на кои во соодветните светилишта на определени богови треба да се постави каменот.

Името на Египет на античко грчки е АIГYПТОN.
Името на Горен Египет во оригинал е:

Името на Долен Египет во оригинал е:

Познато е дека во Долен Египет е и устието на реката Нил. Во оригинал поимот устие е следниов:

Сознанието за тоа дека поимот УЗе на античко-македонски, денес се изговора како УСТИЕ, следи директно од анализата на последниот ред од текстот. Во наредбата каде се наведуваат боговите во чии храмови треба да се смести каменот со декретот на Птоломеј V Епифан Еухаристои, односно на античко-македонски:
НајЖеВеНе ТојьБогаМо ДиВеЈеИ ьПоТоЛ НаШиВеЈь
или
Бесмртниот Тој Кому Боговите му се диват од градот на карпа изграден

како што ние денес би рекле, а стои и дека еден од нив е Богот Змија На УЗе. Општо е познато и прифатено дека богот Змија бил врховен бог на делтата на Нил, односно на неговото устие. Оттука пак, повеќе од едноставно следи заклучокот дека поимот што се чита од десно на лево како еЗьЃ го означува Долен Египет.

Предлогот на во античко-македонскиот јазик се употребува во сврзнички конструкции при набројување пред член од низата што се набројува. Пример за ова е наведувањето на писмата на коишто треба да се напише декретот во последниот ред, каде пред писмото на Живите господари стои сврзната конструкција и на пајь. На овој начин согледано, поимот што се чита од десно на лево како ЃьПа, означува Горен Египет.

За исправноста на тврдењето дека поимите ЃьЗе и ЃьПа на античко-македонски одговараат на поимите Долен и Горен Египет соодветно, сведочи и спроведената детална анализа во нашето истражување на местата на текстот во кои во античко-грчки текст се споменуваат овие два дела на антички Египет и споредбата со местата кадешто во античко-македонскиот текст се среќаваат двата претходно споменати поими. Тука наидовме на комплетно совпаќање на античко-грчкиот со античко-македонскиот текст. Tака, на пример, во 12 ред во демотскиот текст за поимите Горен и Долен Египет во оригинал е запишано следново:

што во потполност соодветствува на споменувањето на Горен и Долен Египет во античко-грчкиот текст.