8.2. Анализа на втората наредба

Втората наредба започнува со изразот:
Да биде на камен навезено (напишано)

Запишано во оригинал со изразот:

Во овој случај, за зборот напишано употребен е изразот Навезено, кој ден денес преносно се употребува за пишување во некои дијалекти на македонскиот јазик.

Во анализираниот текст, за писмата и јазиците на кои треба да се напише декретот употребена е единствена идентификација со наведување на идентитетот, или општествениот слој, во мултиетничкото општество на тогашен Египет:

Врховното свештенство, претставено преку оригиналниот израз

Живите господари, претставено преку оригиналниот израз           

Данајците, претставено преку оригиналниот израз

Втората наредба завршува со изразот запишан во оригинал како:

што значи: Писма во камен тврд

Од содржината на втората наредба можеме да заклучиме дека за горниот текст (хиероглифи - свето писмо) употребен е изразот на Врховните свештеници, за средното писмо (демотика) употребен е израз писма на Живите господари, а тоа беа Античките Македонци, а за најдолниот текст (античко-грчкото) употребен е изразот на Данајците.

На примерот на анализата на содржината на последниот ред од декретот, кој со голема веројатност ја има истата содржина во трите текстови, заради различноста на структурата на јазиците не може да се прифати дека тие текстови се потполно идентични особено заради различноста на изговорот на имињата на народите, боговите и царевите.

Ако се потсетиме дека сопствените имиња во тоа време имале описен карактер, со преводот на текстот од еден на друг јазик и сопствените имиња се преведувале согласно своето значење и добивале сосема друга звучност.