5.2. Имиња на предците на царот (фараонот)

Со оглед на тоа што декретот на каменот е издаден за време на фараонот Птоломеј V се среќаваат имињата на сите 4 негови предци (таткото, дедото, прадедото и прапрадедото). Тие се наведени во вториот и третиот ред, како и во 22-от ред на текстот на античкo-македонски. Редоследот на наведување на предците, на крајот на вториот и почетокот на третиот ред, почнува од најстариот (оснoвачот на династијата, генералот на Александар Македонски) и завршува со таткото на фараонот. Пред името на основачот на династијата стои и името на Александар. Во 22-от ред се започнува со наведување на името на таткото на фараонот и се завршува со првиот од династијата (прапрадедото на царот).

Имињата се следниве:

1. Значењето на името Soteres (Сотир) е и ден-денес Спасител, Јунак
2. Значењето на името Euergetai е Ктитор, Спонзор, Добродетел

Во вториот и третиот ред кадешто се наведуваат од најстариот до таткото на фараонот, помеѓу нивните имиња стои именката ДЕЦА во смисол на наследници, и следствено во оригинал го имаме следниов текст:            

Ова го потенцираме заради фактот што почетокот на третиот ред недостасува со оглед што на тоа место каменот е откршен. Со ова сакаме да покажеме и потенцираме што оригинално треба да стои на тоа место. Ова е означено со правоаголник означен со испрекината линија и исполнет со боја, во делот на реставрирање на оригиналниот текст со имињата на предците. Многу значајно е да се напомене дека овој начин на наведување на предците на една личност на сосема идентичен начин е применет и во Библијата.