2.4. Озвучување на пиктографски знаци

Голема зачестеност на појавување и местото на појавување на трите вертикални црти како единствен знак го сугерираат неговото значење: БОГА. Во монографијата "Праславянска писменост" од авторот Г.С.Гриневич, Москва 1993 година, исто така овој знак е озвучен со БОГА. Ние ја потврдивме оваа констатација со дешифрирање на придавката Божен, запишан со претходно озвучените слогови знаци во облик и неговата суперлативна форма најбожен .

Трите коси црти се појавуваат во специфична конструкција за дефинирање на поимот СВЕТОСТ, во оригинал запишано како:

што го озвучуваме како (се чита оддесно налево):
оТ(Р)ЛадопсоГ еВeЗаН ИоМ еЃИ оТ(Р)ладопсоГ еВeЗаН ИоМ

а преведено на современ македонски значи
Господарите на господарите или
Господин Господин

што асоцира на денешното титулирање на поглаварот на македонската Православна Црква со Господин-Господин, што е единствен начин на ословување меѓу поглаварите на православните цркви.

Во друга форма, се јавува за синоним на фараоните односно за "Нашите живи господари", запишано оригинално во облик       

што го озвучуваме како (се чита оддесно налево):
ат(Р)ЛадопсоГ еВeЖаН ИоМ

а преведено на македонски значи:
Моите живи господари

Ако за знакот констатираме изговор на меко Р, како и во денешниот македонски јазик, тогаш дефинитивно од анализата на претходните примери, на трите коси црти можеме да им дадеме озвучување ГОСПОДА.