2.1. Озвучување на слоговни знаци

2.1.1. Озвучување на асиметрични слоговни знаци

Со повеќе од стотина зборови од денешниот македонски јазик озвучени се сите 13 асиметрични знаци со соодветни согласки, и тоа:

Асиметричните знаци за Р и Ј во денешното и во античкото-македонско писмо имаат ист облик и иста звучност. Преостанатите асиметрични знаци спрема обликот на пишување меѓусебно се слични и со нивната звучност, како на пример асиметричните знаци за Ж, З и Ѕ. Исто така, сличност во пишувањето и во звучноста важи и за асиметричните знаци С, Ц, Ч и Ш.

Секоја од овие 13 согласки во рамнината на пишување може да биде запишана во 8 положби и да означи слогови со 8 самогласки, како на примерот на знакот за согласката Ј.

Во текстот се идентификувани сите 8 положби на пишување, значи се озвучени слогови со сите 6 активни самогласки во денешните словенски јазици и долгите форми на самогласките О и Е кои се зачувани во современиот литературен словенечки јазик (Irena Ceklin Bacar, et al, Slovenscina - jezik na maturi: za slovenscino - jezik v cetrtem letniku gimnazijskih programov: zbirka nalog za ponovitev jezikovne snovi, Ljubljana, Mladinska knjiga, 2004 (str. 90-92) ISBN 86-11-16681-7; Marja Beshter, Martina Krizaj Ortar, Marija Koncina, Mojca Bavdek, Mojca Poznanovic, Darnika Ambroz, Stanislava Zidan, Na pragu besedila - ucbenik za slovenski jezik v 1 letniku gimnazij, strokovnih in tehniskih sol, Tiskarna Mladinska knjiga, d.d., Zalozba Rokus, d.o.o., 2004 (str. 30-34)), како и во мијачкиот и вевчанскиот дијалект на македонскиот јазик (P. Hendriks, The Radozda-Vevcani Dialect of Macedonian, Lisse 1976, PdR Press Publications on Macedonian 1).

Сите форми на асиметричните знаци, со нивното озвучување дадени се во следната табела.

2.1.2. Озвучување на симетрични слоговни знаци

Со околу 20-тина зборови од денешниот македонски јазик озвучени се 6 симетрични знаци, и тоа:

За секој од озвучените знаци во текстот се најдени не повеќе од 4 положби на пишување. Формирањето на слоговите со соодветните самогласки прикажано е во следната табела на позиции 1, 2, 4, 5, 6 и 7, соодветно. 

Идентификувавме дека за формирање на слог со самогласката и, знаците за согласките В и Л се пишуваат со ознака за вирам и потоа се додава симболот за самогласката и .

2.1.3. Озвучување на коси слоговни знаци

За разлика од асиметричните знаци, каде што во основниот знак доминантна е вертикалната црта, во косите знаци доминантна е коса црта. И за овие знаци идентификувани се не повеќе од 4 положби на пишување.

Формирањето на слогови со соодветните самогласки прикажано е во следната табела на позиции 3, 9, 10, 11, 12 и 13, соодветно.

Во текстот знакот за согласката Љ најчесто се појавува во слог со самогласката у, што е карактеристика и на современиот македонски јазик.

Првиот знак одлево надесно во анализираниот текст е ротирана форма на знакот Б за 45 степени во насоката на стрелките на часовникот. За овој знак досега не е најден дефиниционен збор во денешниот македонски јазик, а наша претпоставка е дека најверојатно ја претставува согласката Ф.

2.1.4. Озвучување на специфични слоговни знаци

Специфичниот слогов знак што по облик потсетува на буквата Д во кирилицата доби потврда со озвучување на сите негови форми, и тоа:

Независно од нашите истражувања, слоговиот знак Ди и во монографијата "Праславянска писменост" од авторот Г.С.Гриневич, Москва 1993 година, има ист облик и озвучување.