2. Озвучување

Многу повеќе од гласовните, слоговните писма, ги носат во себе карактеристиките на јазикот којшто треба да го запишуваат.

Ако е основна претпоставка дека анализираниот текст е напишан на јазикот на античките Македонци, определувањето на основните гласовни карактеристики на тој јазик ќе го реализираме преку гласовните особености на јазиците на домородното население од ареалот на Балканот, како негова матична територија. Ќе претпоставиме дека гласовните вредности на самогласките и согласките како најнеподложни на промени останале со иста звучност до денешен ден.

Озвучувањето на идентификуваните слоговни знаци може да се реализира со препознавање во текстот на зборовите кои го задржале своето значење до ден-денес во јазици или дијалекти на јазици од ареалот на Балканот или пошироко, од европскиот ареал. Се разбира, во оваа фаза анализата ќе се заснова на споредба помеѓу зборови од текстот на каменот од Розета и архаизми во дијалекти на актуелниот македонски јазик. Покрај слоговни знаци (асиметрични, симетрични, коси и специфични слоговни знаци), озвучени се и знаци за  изолирани самогласки, пиктографски знаци и лигатури.

Озвучувањето на дешифрираните зборови и поими можете да го проследите во речникот.

2.1. Озвучување на слоговни знаци

2.1.1. Озвучување на асиметрични слоговни знаци

Со повеќе од стотина зборови од денешниот македонски јазик озвучени се сите 13 асиметрични знаци со соодветни согласки, и тоа:

Асиметричните знаци за Р и Ј во денешното и во античкото-македонско писмо имаат ист облик и иста звучност. Преостанатите асиметрични знаци спрема обликот на пишување меѓусебно се слични и со нивната звучност, како на пример асиметричните знаци за Ж, З и Ѕ. Исто така, сличност во пишувањето и во звучноста важи и за асиметричните знаци С, Ц, Ч и Ш.

Секоја од овие 13 согласки во рамнината на пишување може да биде запишана во 8 положби и да означи слогови со 8 самогласки, како на примерот на знакот за согласката Ј.

Во текстот се идентификувани сите 8 положби на пишување, значи се озвучени слогови со сите 6 активни самогласки во денешните словенски јазици и долгите форми на самогласките О и Е кои се зачувани во современиот литературен словенечки јазик (Irena Ceklin Bacar, et al, Slovenscina - jezik na maturi: za slovenscino - jezik v cetrtem letniku gimnazijskih programov: zbirka nalog za ponovitev jezikovne snovi, Ljubljana, Mladinska knjiga, 2004 (str. 90-92) ISBN 86-11-16681-7; Marja Beshter, Martina Krizaj Ortar, Marija Koncina, Mojca Bavdek, Mojca Poznanovic, Darnika Ambroz, Stanislava Zidan, Na pragu besedila - ucbenik za slovenski jezik v 1 letniku gimnazij, strokovnih in tehniskih sol, Tiskarna Mladinska knjiga, d.d., Zalozba Rokus, d.o.o., 2004 (str. 30-34)), како и во мијачкиот и вевчанскиот дијалект на македонскиот јазик (P. Hendriks, The Radozda-Vevcani Dialect of Macedonian, Lisse 1976, PdR Press Publications on Macedonian 1).

Сите форми на асиметричните знаци, со нивното озвучување дадени се во следната табела.

2.1.2. Озвучување на симетрични слоговни знаци

Со околу 20-тина зборови од денешниот македонски јазик озвучени се 6 симетрични знаци, и тоа:

За секој од озвучените знаци во текстот се најдени не повеќе од 4 положби на пишување. Формирањето на слоговите со соодветните самогласки прикажано е во следната табела на позиции 1, 2, 4, 5, 6 и 7, соодветно. 

Идентификувавме дека за формирање на слог со самогласката и, знаците за согласките В и Л се пишуваат со ознака за вирам и потоа се додава симболот за самогласката и .

2.1.3. Озвучување на коси слоговни знаци

За разлика од асиметричните знаци, каде што во основниот знак доминантна е вертикалната црта, во косите знаци доминантна е коса црта. И за овие знаци идентификувани се не повеќе од 4 положби на пишување.

Формирањето на слогови со соодветните самогласки прикажано е во следната табела на позиции 3, 9, 10, 11, 12 и 13, соодветно.

Во текстот знакот за согласката Љ најчесто се појавува во слог со самогласката у, што е карактеристика и на современиот македонски јазик.

Првиот знак одлево надесно во анализираниот текст е ротирана форма на знакот Б за 45 степени во насоката на стрелките на часовникот. За овој знак досега не е најден дефиниционен збор во денешниот македонски јазик, а наша претпоставка е дека најверојатно ја претставува согласката Ф.

2.1.4. Озвучување на специфични слоговни знаци

Специфичниот слогов знак што по облик потсетува на буквата Д во кирилицата доби потврда со озвучување на сите негови форми, и тоа:

Независно од нашите истражувања, слоговиот знак Ди и во монографијата "Праславянска писменост" од авторот Г.С.Гриневич, Москва 1993 година, има ист облик и озвучување.

2.2. Озвучување на знаци за изолирани согласки

Забележана е честа употреба на некои изолирани согласки кои ги озвучуваме на следниот начин:


  Л (Р)              В               Н                      П

Изговорот на изолираната согласка преминува во меко Р, глас кој и ден денес го имаме во изговорот на зборови во македонскиот јазик. Тука треба да напоменеме дека современата наука констатира дека за време на владеењето на Птоломеите првпат е направена разлика меѓу звуците Л и Р, што е соодветно пренесено и во писмото, односно анализираниот текст.

Изговорот на изолираната согласка в најчесто се појавува при формирањето на слог со самогласката и, или пак за формирање на предлогот во (во оригинал вв - ).

Косата црта без додавки ја изначува изолираната согласка и која и во денешниот македонски јазик е во зачестена употреба.

2.3. Озвучување на знаци за изолирани самогласки

Во анализираното писмо најчесто употребуван знак е вертикалната црта , која ја озвучуваме со самогласката и. Покрај употребата на самогласката и како сврзник таа се употребува и на крајот од зборот при формирање на мнoжина кај именките и придавките.

Хоризонталната црта ја озвучуваме со самогласката а. И таа често се употребува како сврзник.

Озвучувањето на идентификуваните знаци за самогласки е следното:

2.4. Озвучување на пиктографски знаци

Голема зачестеност на појавување и местото на појавување на трите вертикални црти како единствен знак го сугерираат неговото значење: БОГА. Во монографијата "Праславянска писменост" од авторот Г.С.Гриневич, Москва 1993 година, исто така овој знак е озвучен со БОГА. Ние ја потврдивме оваа констатација со дешифрирање на придавката Божен, запишан со претходно озвучените слогови знаци во облик и неговата суперлативна форма најбожен .

Трите коси црти се појавуваат во специфична конструкција за дефинирање на поимот СВЕТОСТ, во оригинал запишано како:

што го озвучуваме како (се чита оддесно налево):
оТ(Р)ЛадопсоГ еВeЗаН ИоМ еЃИ оТ(Р)ладопсоГ еВeЗаН ИоМ

а преведено на современ македонски значи
Господарите на господарите или
Господин Господин

што асоцира на денешното титулирање на поглаварот на македонската Православна Црква со Господин-Господин, што е единствен начин на ословување меѓу поглаварите на православните цркви.

Во друга форма, се јавува за синоним на фараоните односно за "Нашите живи господари", запишано оригинално во облик       

што го озвучуваме како (се чита оддесно налево):
ат(Р)ЛадопсоГ еВeЖаН ИоМ

а преведено на македонски значи:
Моите живи господари

Ако за знакот констатираме изговор на меко Р, како и во денешниот македонски јазик, тогаш дефинитивно од анализата на претходните примери, на трите коси црти можеме да им дадеме озвучување ГОСПОДА.

2.5. Озвучување на лигатури

Знаците што се употребуваат при пишување на лигатурите ја задржуваат својата гласовна вредност, само меѓусебно се поврзуваат со предлогот на ако се напишани еден на друг или еден врз друг, како на пример:

Обично со лигатура се запишува почетокот на зборот, а со допишување на 1 до 2 слогови знака се завршува зборот. Во некои случаи со лигатура можат да се опфатат 2 последователни збора, што дополнително го отежнува процесот на раздвојување на зборовите во континуирано запишаниот текст. Најчесто во лигатурата учествуваат 2 до 3 знака.