1.1. Слоговни знаци

Релативно значајниот обем на расположивиот текст, од околу 4500 знаци, ни дава шанса да ги идентификуваме формите на знаците кои се во основа на употребното писмо. Како најчесто појавувани одбележени се асиметричнитe, симетричните и коcите знаци.

1.1.1. Асиметрични слогови знаци

Овие знаци имаат особина да во рамнината на пишување се запишат во осум различни положби и на тој начин еднозначно да одбележат слогови на една согласка со осум самогласки.

Во анализираниот текст се идентификувани следните 13 (тринаесет) асиметрични знаци како ознаки за 13 (тринаесет) согласки, и тоа:

Секој од овие 13 (тринаесет) знака во рамнината на пишување може да биде запишан во по осум положби, како на пример:      

На овој начин, со само 13 различни асиметрични знаци еднозначно можат да се напишат 13 х 8 = 104 слогови од видот согласка-самогласка.

Асиметричните знаци набележани под броевите 1, 3, 5, 7, 8 и 9, во положба запишана под броевите 1, 3, 5 и 7 во XVI се користени од познатиот математичар Cardan како знаци за пишување броеви, во неговото дело "System for writing numbers". Како што во анализираниот текст со обликот на знакот се определува согласката, а со положбата самогласката во слогот, Cardan во своето дело со обликот на знакот ги определува цифрите, а со положбата ги определува тежините (единици, десетки, стотки и илјади) во бројот, што е прикажано на следната слика.

Броевите помеѓу 1 и 9999 се пишуваат во облик на лигатури, при што е заедничка вертикалната црта, а се додаваат страничните елементи на соодветните цифри.

Ако се потсетиме дека анализираниот текст е од вториот век пред новата ера, запишан на територијата на Египет, а Cardan творел во XVI век од новата ера во Италија, можеме да констатираме дека по 1800 години на Медитеранот сеуште се знаело за знаците од анализираното писмо.

1.1.2. Симетрични слоговни знаци

Овие знаци, пак имаат особина да во рамнината на пишување се запишат во 4 различни положби и на тој начин еднозначно да обележат слогови на една согласка со 4 самогласки. Во анализираниот текст се идентификувани 6 знаци, и тоа:

Секој од овие 6 знаци во рамнината на пишување може да биде запишан во 4 положби како на следниот пример:

На овој начин, со 6 различни знаци можат еднозначно да се запишат 6 х 4 = 24 различни слогови од видот согласка - самогласка.

Во прилог се дадени можностите за комбинирање на асиметричните согласки со соодветните самогласки.

1.1.3. Накосени слоговни знаци

Накосените слоговни знаци исто како и симетричните слоговни знаци во рамнината на пишување можат да се запишат во 4 различни положби и на тој начин еднозначно да обележат слогови на една согласка со 4 самогласки. Во анализираниот текст се идентификувани 6 знаци, и тоа:

Секој од овие 6 знаци во рамнината на пишување може да биде запишан во 4 положби како на следниов пример:

На овој начин, се дефинираат уште 24 различни слогови од видот согласка-самогласка.

1.1.4. Специфичен слогов знак

Посебно треба да ја одбележиме појавата во текстот на еден специфичен знак кој го идентификуваме во четири форми, и тоа:

Во последната форма како две коси црти доближени во горниот дел овој слогов знак го среќаваме и ден денешен во повеќе слоговни писма на азискиот континент.