8. Дешифрирање на последниот ред од текстот

Според античко-грчкиот текст, во последниот ред фараонот наредува (и тоа по овој ред) декретот да се напише на три писма и да се постави во светилишта од прв, втор и трет ранг во близина на статуата на фараонот, иако токму овде каменот е откршен (недостасува парче).

Во анализираниот текст, наредбата на фараонот ја идентификуваме во поинаков редослед, и тоа прво во кои три класи светилишта на богови, во кои три области на земјата да се постави камена стела и на крајот, на кои писма на јазикот на три слоеви на населението да биде напишан.

Својата желба фараонот ја поделил на две наредби кои ги започнува со зборот јави во оригинална форма запишан со.

8.1. Анализа на првата наредба

Првата наредба започнува со изразот да се изработи од камен, во оригинал запишан како:   

Наредбата продолжува со камени градби на по име наведени три класи на богови наведени по име, во оригинал запишани со:   

што значи 
камени градби (храмови) на: бога Змија од устието, бога од Асуан и бога Нашион.  

Наредбата продолжува со наведување на имињата на трите области од земјата, од кои првата е Египет, втората е Синај, а третата е земјата на најголемиот бог Чо на Тнани, во оригинал запишана со изразот:

Во однос на грчкиот текст овде се среќаваме со значително попрецизни информации кои посредно потврдуваат за примарноста на овој текст во однос на другите два.

8.2. Анализа на втората наредба

Втората наредба започнува со изразот:
Да биде на камен навезено (напишано)

Запишано во оригинал со изразот:

Во овој случај, за зборот напишано употребен е изразот Навезено, кој ден денес преносно се употребува за пишување во некои дијалекти на македонскиот јазик.

Во анализираниот текст, за писмата и јазиците на кои треба да се напише декретот употребена е единствена идентификација со наведување на идентитетот, или општествениот слој, во мултиетничкото општество на тогашен Египет:

Врховното свештенство, претставено преку оригиналниот израз

Живите господари, претставено преку оригиналниот израз           

Данајците, претставено преку оригиналниот израз

Втората наредба завршува со изразот запишан во оригинал како:

што значи: Писма во камен тврд

Од содржината на втората наредба можеме да заклучиме дека за горниот текст (хиероглифи - свето писмо) употребен е изразот на Врховните свештеници, за средното писмо (демотика) употребен е израз писма на Живите господари, а тоа беа Античките Македонци, а за најдолниот текст (античко-грчкото) употребен е изразот на Данајците.

На примерот на анализата на содржината на последниот ред од декретот, кој со голема веројатност ја има истата содржина во трите текстови, заради различноста на структурата на јазиците не може да се прифати дека тие текстови се потполно идентични особено заради различноста на изговорот на имињата на народите, боговите и царевите.

Ако се потсетиме дека сопствените имиња во тоа време имале описен карактер, со преводот на текстот од еден на друг јазик и сопствените имиња се преведувале согласно своето значење и добивале сосема друга звучност.