3. Правила на пишување

3.1. Пишување на суперлативи на придавките

Пишувањето на слоговните знаци еден на друг или еден врз друг, овозможува формирање на суперлативна форма на придавките на ефикасен начин во оние јазици кои ја прават со префиксот нај. Во тој случај основната форма на придавката се пишува над знакот за слогот Јь. Во анализираниот текст идентификувани се повеќе случаи на формирање на суперлативна форма на овој начин, како на пример:                             

Во речникот се идентификувани зборови дадени со 8 различни зборови во основна и суперлативна форма, запишани на овој начин, а кои до ден-денес го имаат истото значење.

3.2. Пишување на множина кај именките

Во повеќе словенски јазици, а посебно во македонскиот јазик множината кај именките и придавките најчесто се прави со додавање на и на крајот на именката во еднина. Во анализираниот текст, исто така, идентификувавме формирање на множина на овој начин, како на пример:

Преведено на англиски:

Lord          ---->        Lords           Priest            ---->         Priests

Во речникот на идентификувани зборови дадени се 5 зборови во еднина и множина формирани на овој начин кои до денес го задржале своето значење.

Многу е значајно да се напомене дека во Demotic Dictionary Project, Oriental Institute, University of Chicago, 2005 се наведува дека при формирање на множина кај именките на крајот на зборот се додава вертикална црта. Авторот, за разлика од нашите истражувања и сознанија, знакот за вертикална црта го третира само како ознака за множина. Ова е сосема разбирливо, ако се знае дека според таа референца, демотското писмо не е можно да се чита знак по знак (согласно нашите сознанија тоа одговара на читање/пишување слог по слог), туку се чита збор по збор.

3.3. Неопределена и определена форма кај именките

При читањето на анализираниот текст идентификувавме именки во неопределена и определена форма, и тоа:


во еднина, како и

во множина.

За еднина членот за определеност е то, а за множина та.

Во некои други случаи определената форма на именките се прави со наставката мо (некој облик на падежна форма), како на пример: 

Од досегашните анализи можеме да констатираме дека освен во овие случаи, многу ретко сме ги идентификувале другите падежни форми.