1.1.1. Асиметрични слогови знаци

Овие знаци имаат особина да во рамнината на пишување се запишат во осум различни положби и на тој начин еднозначно да одбележат слогови на една согласка со осум самогласки.

Во анализираниот текст се идентификувани следните 13 (тринаесет) асиметрични знаци како ознаки за 13 (тринаесет) согласки, и тоа:

Секој од овие 13 (тринаесет) знака во рамнината на пишување може да биде запишан во по осум положби, како на пример:      

На овој начин, со само 13 различни асиметрични знаци еднозначно можат да се напишат 13 х 8 = 104 слогови од видот согласка-самогласка.

Асиметричните знаци набележани под броевите 1, 3, 5, 7, 8 и 9, во положба запишана под броевите 1, 3, 5 и 7 во XVI се користени од познатиот математичар Cardan како знаци за пишување броеви, во неговото дело "System for writing numbers". Како што во анализираниот текст со обликот на знакот се определува согласката, а со положбата самогласката во слогот, Cardan во своето дело со обликот на знакот ги определува цифрите, а со положбата ги определува тежините (единици, десетки, стотки и илјади) во бројот, што е прикажано на следната слика.

Броевите помеѓу 1 и 9999 се пишуваат во облик на лигатури, при што е заедничка вертикалната црта, а се додаваат страничните елементи на соодветните цифри.

Ако се потсетиме дека анализираниот текст е од вториот век пред новата ера, запишан на територијата на Египет, а Cardan творел во XVI век од новата ера во Италија, можеме да констатираме дека по 1800 години на Медитеранот сеуште се знаело за знаците од анализираното писмо.